За мене

Оваа веб страна е настаната како резултат на повеќегодишно изучување и имплементација на личниот развој како непрекинат процес во текот на животот. Мојата животна определба е проширување на познавањата за развојот на личноста преку процесот на учење и примена на стекнатото знаење во пракса. По завршувањето на моето формално универзитетско образование, понатамошнaта едукација одлучив да ја надополнам преку разни курсеви, тренинзи и обуки. Во текот на својот животен пат имав прилика да започнам со изучување на различни концепти на личниот развој, а во текот на последните години ова изучување стана моја пасија. Како дел од обуките со кои се имам серифицирано би ги издвоил

  • Невро Лингвистичко Програмирање – Практично Ниво
  • Емоционална Писменост – Напредно ниво
  • Гешталт Терапија – базично ниво
  • Life Coaching

Исто така како дел од мојата пракса е работа со клиенти на ИНДИВИДУАЛНИ КОУЧИНГ СРЕДБИ. Целната група се клиенти од возрасни групи над 20 години кои сакаат да направат креативна промена и подобрување на својот живот. Доколку имате прашање или потреба да контактирате со мене тоа може да го направите преку КОНТАКТ формата.