За да можеме да започнеме со разработка на темата за развој на личноста мораме најнапред да дефинираме што се подразбира под поимот личност и која е нејзината структура.
Поимот личност претставува еден од основните поими во психологијата и претставува сложена ментална структура која што е составена од огромен број на составни делови кои формираат одреден и интегриран психолошки склоп кој ги одредува особините и однесувањето на индивидуата.
Постојат повеќе теории за структурата на личноста, но според анализата по клучни зборови на интернет прелистувачот Google, најзастапена е психоаналитичката теорија на Сигмунд Фројд (1856-1939) кој се смета дека ја создал на првата сеопфатна теорија теорија на личност. Според оваа теорија личноста има сложен комплексеб и динамичен состав. Тоа подразбира дека личноста постојано е во динамика која што предизвикува промена во нејзината структура која што се случува врз основа на искуствата.
Според теоријата на Фројд личноста егзистира на три нивоа: свесно, предсвесно (потсвест) и несвесно ниво. Составена од три дела и тоа ИД кое се наоѓа целосно во несвесно ниво, потоа ЕГО кое се наѓа во потсвесното и свесното ниво и СУПЕРЕГО кое е присутно во свесно и несвесно ниво на личноста. Моделот на структура на личноста можеда се претстави како сантa мраз која се наоѓа во морето. Тоа може да се илустрира на следната слика
Слика 1. Дијаграм на Фројдовата теорија
Извор: https://simple.wikipedia.org/wiki/Id,_ego,_and_super-ego
Од сликовниот приказ, можеме да забележиме дека одделните структурни делови функционираат на различните нивоа на личноста. Секој структурен дел има своја функција во формирањето и динамката на личноста. Во продолжение ќе биде обработен секој структурен дел поединечно и потоа ќе биде прикажана нивната меѓусебна интеракција при динамиката на личноста согласно анализираната литература.
ИД (Тоа) – Овој дел се наоѓа целосно во несвесно ниво. Се состои од голем број на психолошки елементи и се она што го носиме како наследство од претходните генерации. Во овеј дел е концентриран најголем дел од психичката енергија. Функционира на принципот на моментално задоволување на потребите. Во својот состав ги содржи емоциите.
Супер ЕГО според прикажаната слика, најголем процент од овој дел се наоќа во несвесно ниво, а дел се наоѓа и во свесно ниво. Овој дел од структурата всушност претставува ограничувања и норми кои ги имаме создадено во текот на животниот пат. Овие норми и ограничувања се настанати под влијание на разни авторитети, книги, медиуми, социјалната околина. Доколку овие наметнати норми не се почитуваат, личноста има тенденција да се чувствува безвредна.
ЕГО – Овој дел е присутен комбинирано во свесното и несвесното ниво. Тоа е оној дел од личноста кое функционира додека се извршуваат дневните активности. Главната задача на егото е да извршува. Претежно ЕГО-то е тоа што ја има функцијата на размислување, планирање, поставување на цели, анализа.
Овие три структурни делови се во постојана интеракција.
Во одредени случаи во текот на развојот на личноста, ЕГО-то не е во состојба да постигне рамнотежа помеѓу барањата кои ги поставуваат деловите ИД и Супер ЕГО и во тој случај доаѓа до внатрешен конфликт кај личноста кое што е проследено со негативни емоции и состојби. Овие состојби ЕГО-то настојува да ги донесе во состојба на рамнотежа, меѓутоа тоа би било тема за обработка во некој нареден текст.
Автор: м-р Дарко Шекеринов
Користена Литература
- К.Хол и Г. Линдзи: Теории за личноста, Скопје 2007
- https://simple.wikipedia.org/wiki/Id,_ego,_and_super-ego
- http://refrigenerator.blogspot.mk/2010/04/id-ego-and-superego.html
|
|||