Личен развој е процес кој започнува со самото раѓање на индивидуата и трае во текот на целиот животен век. Во суштина овој процес е континуиран и не може да биде запрен во текот на животниот циклус. Во литературата се опишани неколку развојни стадиуми на личноста и тоа
1. Преднатален период
2. Новороденче
3. Детство
4. Адолесенција
5. Зрелост
6. Старост
Секој од овие развојни стадиуми на индивидуата има свој одредени карактеристики и одредено траење. Точниот премин од еден во друг стадиум нe може да се одреди, но најчесто преминот се случува во период од 2-3 години. Овој процес се нарекува уште и зреење на личноста.
Во текот на развојот и созревањето на личноста, индивидуата ја проширува свесноста за своето постоење и активностите кои ги презема. Така на пример при самото раѓање, новороденчето не е во состојба да расудува. Со текот на развојот, тоа новороденчето низ процесот на растење и развој ја развива свесноста и започнува да расудува и самостојно да опстојува во средината.
Секоја индивидуа има различен животен пат, па според тоа и се развива вo единствена личност со уникатни карактеристики. За постоењето и развојот на личноста постојат голем број на теории, кои имаат различен пристап. Заедничко за сите теории е дека човековата личност се развива како резултат на два паралелни процеса: свесност и несвесност. Ова укажува на фактот дека во одреден момент можеме да бидеме свесни за одреден број на појави и случувања, односно сме свесни само за оние случувања каде што е насочено нашето внимание, додека за останатите сме делумно или целосно несвесни.
Во последните 30 години е вложено многу во истражување на начините како да се пронајдат и искористат личните потенцијали и таленти.
На следниов линк може да се прочита повеќе за личниот развој