Гешталт Коучинг како пристап во личнот развој

Пристапот на гешталт коучингот е фокусиран на сегашноста и настојува да ги идентификува критичните точки кои се присутни “во моментот”, и превземање на суштински активности кои водат кон долгорочни посакувани индивидуални промени.  Примената на гешталт коучингот подразбира развој на присутноста и свесноста за сегшниот момент. Тоа ја вклучува присутноста и свесноста на клиентот за сегашниот момент и сопствените потреби. На тој начин се овозможува коучот да понуди квалитетна и значајна опсервација или интервенција која ќе му помогне на клиентот да ја надмине состојбата која што сака да ја промени.

Гешталт коучингот започнува со сет на базични претпоставки кои ги нагласува вредностите  на свесноста за сегашноста, интеракцијата помеѓу клиентот и коучот и екксперименирањето, како што е прикажано на следната табела

ОСНОВНИ ПРЕТПОСТАВКИ ВО ГЕШТАЛТ ПРИСТАПOT
Учењето настанува преку анализа на искуството овде и сега
Свесноста е претходник на ефективната акција; свесноста води кон избор
Секоја индивидуа има внатрешна потреба да се однесува ефективно.
Развојот на индивидуата се случува преку интеракција помеѓу клиентот и коучот. Присутноста на коучот  овде и сега е критичен елемент во процесот.
Експериментирањето е основен извор на учење
Посакуваната промена е одговорност на клиентот, а не на коучот
Автентичноста на индивидуата е круцијална за прилагодувањето
Фокусот е ставен врз процесот кој постојано е во тек

Гешталт коучот го носи присуството во коучинг средбата, каде што однесувањето и личната експресија кои се во во согласност со неговите суштински вредности. Присутноста на коучот го мотивира клиентот да ја сподели своето внатрешно доживување  и да добие поддршка во текот на личниот развоен процес и да осознаат дека располагаат со неограничен потенција. Гешталт коучот исто така дава поддршка на капацитетот на клиентот прецизно да го оцени своето опкружување, да ја процени состојбата и да ја открие смислата на работите а со тоа и  да ја зајакне соопствената свесност, да ги прошири можните избори и да преземе самоуверена и продуктивна акција кон посакуваната промена.

Од претходното излагање може да се забележи дека гешталт коучот настојува да воспостави и одржува релација со клиентот која овозможува да се развие меѓусебн доверба  које потребна за да се подигне свесноста со што ќе се иницира промена.

ПРИСТАП ВО ГЕШТАЛТ КОУЧИНГОТ

Развојот на гешталт коучингот допринесува да се издиференцира пристап кој е различен од остантите форми на коучинг. Гешталт коучот поминува тренинг при што се стекнува со одредени вештини како што се:

а) Лична ангажираност во текот на средбата

б) Присутност овде и сега

в) поддршка на клиентот во личниот развој што придонесува кон нови увиди, однесувања и преземање на нови акции.

Гешталт институтот во Кливеланд има направено приказ на пристапот при изведување на коучинг средбата:

  1. A) Употреба на селфот како инструмент. Коучот е експерт за свесноста. Исто така мора да постои взаемна рамнотежа помеѓу однесувањето на коучот и тоа што сака да го пренесе на другите.

Б) Обезбедува присуство во текот на средбата. Тој цврсто ги одржува своите вредности и вештини. Го моделира начинот на решавање на проблемите и начинот на кој се справува во животот генерално. Во текот на средбата коучот ја фокусира енергијата на клиентот кон самата ситуација која треба да се надмине, а не на посакуваните решенија. Своето интенција ја остварува преку примена на одредени вежби или експерименти кои ја зголемуваат свесноста на клиентот.

В) Употреба на  техники. Како најбитени техники кои ги применува коучот вo текот на средбата се:

  1. Опсервација и споделување на тоа што гледа, слуша и чувствува
  2. Го споделува сопственото искуство (сензации, чувства, мисли)
  3. Фокусирање на енергијата кон клиентот и одредување на тоа што е вишок или недостасува во системот Ова го поддржува мобилизирањето на енергијата и води кон нови доживувања.
  4. Обезбедува јасни и значајни контакти помеѓу членовите во системот на клиентот
  5. Го поддржува клиентот во процесот на завршување на незавршените работи од индивидуалниот систем кои имаат влијание во сегашноста.

Претходното излагање го истакнува значењето на гешталтистичкиот пристап во коучингот како метода личниот развој. За да успешно да се примени овој пристап потребно е голема лична дисциплина и свесност. Личната дисциплина се гледе во постојана будност и следење на тоа “што е присутно” во процесот на личен развој. Свесноста подразбира способност да се дефинира “што е присутно”. Гешталт пристапot во коучингот нуди моќен модел кои го поттикнува личниот развој и води кон посакувани и автентични промени.