Соработка со коуч и придобивки


Доколу не сте соработувале со коуч, можеби имате некои прашања за тоа какво е искуството и какви придобивки може да се очекуваат од соработката, па затоа сакав да направам еден краток преглед со што би го објаснил целокупниот процес.
Наједноставно кажано коучингот претставува професионална релација помеѓу коучот и клиентот. Коучот го поддржува клиентот во процесот на постигнување на посакуваните цели и добивање на извонредни резултати. Коучингот не претставува советување или терапија; тоа е пред се процес кој е насочен кон постигнување на позитивни резултати во животот на индивидуата. Коучот применува одредени техники и стратегии кои помагаат да се премине јазот помеѓу местото на кое се наоѓа клиентот и местото каде што сака да биде.
Постојат повеќе придобивки од ангажирање на коуч во личниот или професионалниот развој:

Јасност

Јасноста за тоа што сакаш можеби е половина од битката во животот. Како дел од коучингот, потребно е јасно да се дефинира што сака да постигне клиентот (доколку тоа веќе не го знае).Тековно, коучингот помага да се оддржи фокусот кон посакуваните цели и насоката на дејствување.

Одговорност

Одговорноста е моќна особина која е неопходна за креирање на промена. Коучинг процесот подразбира креирање на цели кои треба да се остварат во текот на одреден временски период. Во голем дел, коучингот претставува здружено патување при дефинирањето и поставувањето на реални и достапни цели. Целите треба да бидат сопственост на клиентот. Доколку поради некоја причина клиентот не е во состојба да ги постигне своите цели, треба да се разгледа причината која го стопира развојниот процес. Во многу случаи едноставното споделување на интенцијата може да направи голема разлика во желбата за остварување.

Непристрасност

Пријателите и семејството можат да бидат огромен извор на поддршка, но понекогаш потребна ни е непристрастна поддршкс којс ќе нашрави голема разлика во перспективата на клиентот. Како индивидуи сме така создадени, да ги следиме полесно советите од личности кои не се од нашето поблиско опкружување. Така на пример, мајкта може постојано да не охрабрува, но покорисно би било доколку добиеме потврда за нашите способности од лице кое не е од нашето блиско опкружување.

Фокус на клиентот

При коучинг процесот клиентот го насочува целосното внимание кон себе, своите соништа и аспирации. Во секојдневниот живот, обврските со семејството, пријателите, работата, хоби, често значи запоставување на сопствените желби и потреби. Коучингот како процес нуди простор за клиентот да размисли за себе, своите мисли и чувства, и тоа што е битно за него. Коучингот навистина може да значи голема животна промена за клиентот, преку дефинирање на личните потреби и тоа што е важно за него.

Личен развој

Коучингот може да биде предизвик а и напорна работа, но исто така награда и забавување. Клиентот ќе се набљудува себе си и можеби ќе се осмели привремено да излезе од својата зона на комфорот за да ја оствари својата цел. Коучинг процесот ќе го подобри личниот развој на клиентот и ќе понуди поддршка за поддобрување на различни области од животот.

Извор: https://www.huffingtonpost.com/jen-smith/the-benefits-of-hiring-a_b_10022676.html