Мотивација

 

За Мотивацијата

Мотивацијата е составен елемент  на секое однесување. Теоријата на мотивацијата ги обработува прашањата кои даваат одговор за нешето однесување и дејствување. Зашто стануваме од кревет наутро? Зашто јадеме, одржуваме хигиена, одиме во школо или на работа? Зашто вежбаме? Иако не морара да се прават овие работи, многумина се активни во таа насока. Зашто?

Мотивацијата е таа која што одредува дали активноста која што ја преземаме е предизвик или пак е нешто досадно

Основен модел на мотивација

Мотивацијата за преземање на одредена активност доаѓа од потребите. Треба да јадеме за да преживееме, треба да одржуваме хигиена за да останеме здрави, и треба да работиме за да заработиме за да можеме да купиме храна и да платиме сметки. Потребите може да дојдат во многу различни форми – некои се повеќе емотивни, како на пример желбата да се положи испитот, некои се биолошки, како на пример потребата за вода. Потребите можат да се менуваат со во различни периоди од животот. Мислите, уверувањата, околината, културата и социјалните релации се елементи кои играат улога кога одредуваме која е нашата потреба во одреден момент од животот.

Доколку потребите не се задоволени, индивидуата може да чувствува дека ја изгубила целта, или пак дека недостасува нешто во нејзиниот живот. Кога се чувствува на тој начин единката се обидува да ја надополни празнината и да ги задоволи своите потреби.

Различни типови на потреби

Теориите за мотивација фокусот го ставаат на релативното значење на различните видови на потреби, кои можат да се групираат во три основни категории: физиолошки потреби, психолошки потреби и научени потреби.

  • Физиолошките потреби се вродени, биолошки и тие мораат да бидат задоволени за да можеме да преживееме.Некои основни примери на физиолошки потреби се храна, жед, избегнувањето на болка и слично, кои се регулирани преку внатрешните системи на телото од самото раѓање на човекот. Мотивационите теории кои се фокусирани на физиолошките потреби ја нагласуваат важноста на хомеостазата или на процесите кои ги употребува телото за да ги оддржува внатрешните системи балансирани и стабилни (пр. регулација на темппературата) и телесните природни тенденции во текот на денот (природен ритам). Една од теориите за мотивацијата која е базирана на физиолошките потреби е редукционата теорија, која сугерира дека мотивацијата доаѓа од желбата да се редуцира внатрешната тензија, што всушност е сигнал од телото дека нешто недостасува и е потребно да се преземе акција за да преживееме. На пример, се чувствуваме гладни затоа што телото ослободува хормони во одреден период од денот. Јадеме на пример пица за да го редуцираме тој глад, што овозможува телото да дојде повторно во баланс. На ист начин, при глвоболка се употребува медикамент за да се редуцира болката која што ја чувствуваме – телото ни кажува дека нешто не е во ред, и преземаме акција за да го решиме проблемот.
  • Психолошките потреби се базирани на мислите, чувствата, уверувањата, очекувањата и сликата за себе. Психолошките потреби се важни за нашето ментално здравје и среќа, но и за да креираат баланс и хармонија во психичкиот живот. Една од теориите која се фокусира на психолошките потреби е теоријата на когнитивна дисонанца, која наведува дека чувството на непријатност и некомфорност се појавува кога постои значајна разлика помеѓу тоа што мислиме или веруваме и акциите кои ги преземаме. Оваа непријатност ја зголемува желбата за промена на однесувањето за да се чувствувамме подобро. На пример ако веруваме дека неискреноста е лоша особина која е карактеристична за лошите личности, лажењето може да допринесе да се чувствуваме непријатно, вознемирено и анксиозно. Ќе се чувствуваме непријатно се додека не започнеме да деливамме поинаку, во овој случај, да почнеме да ја кажуваме вистината. Кога ќе ја кажуваме вистината, ќе се добие чувство на ослободување и анксиозноста ќе исчезне.
  • Научени потреби – тоа се потреби кои доаѓаат од нашето искуство и имаат влијание од нештата кои ни се случиле во текот на животот. Станува збор за работи како награди, финансиски средства, успех и задоволство – не доаѓаме на овој свет со цел да станеме директор или да водиме бизнис – тоа е нешто што учиме да го сакаме. Една од теориите за научени потреби, incentiev theory, наведува дека секое однесување кое е поврзано со награда ќе создаде мотивација за акција. На пример некои библиотеки нудат забави за деца кој читаат најмногу книги преку летото. Доколку детето сака награда, тоа ќе биде мотивирано да чита книги. Како возрасни, финансискиот бонус или награда на работното место е најчесто научена потреба. Пример, една особа е претставник на фирма за продажба на автоммобили. Ако тој продаде најмногу автомобили преку годината ќе добие награда патувања. Бидејчи таа особа навистина ги сака автомобилите, а истовремено и сака да освои награда, таа особа е мотивирана да вложи повеќе труд за да ја оствари својата цел.

Дали сите потреби се еднакво важни?

Секој има различни чувства за тоа кои потреби се најважни за него, но некои психолози веруваат дека не можеме да растеме како личности се додека не ги задоволиме своите основни потреби (оние кои се поврзани со преживување). Абрахам Маслов ја создал теоријата за хиерархија на потребите

потреби

Според оваа теорија потребите се поделени во три посебни категории – основни потреби, психолошки потреби и потреби са себе – исполнување. Основните потреби како што се потребите за храна, вода, воздух, безбедно место за живеење, мораат да бидат исполнети пред било кој други потреби како, социјалните, или пак потребите за себеактуелизација. Како што ги исполнуваме потребите од дното на пирамидата, ќе бидеме во можност да започнеме да ги задоволуваме потребите за личен раст и развој. На пример ако станува збор за социјално загрозено лице, кое секојдневно се соочува со недостаток на основни средства за преживување, мала е веројатноста дека ќе има потреба да се експонира или да бара престижно работно место. Но доколку станува збор за индивидуа која потекнува од сигурна, безбедна и средина исполнета со љубов, веројатно ќе настојува кон успех на работното место и во заедницата. Маслов верувал дека секоја индувудуа е мотивирана да го постигне најдоброто од себе  и ќе презема активности и работи  за да ја задоволи потребата за  себе-актуелизација.

Внатрешна и надворешна мотивација

Термините “внатрешна” и “надворешна” се однесуваа на тоа од каде потекнува мотивацијата за задоволување на потребите.

  • Внатрешната мотивација е мотивација која е базирана на внатрешните фактори, работи сакаме да ги правиме и кој не прават среќни. На пример личноста А работи во продавница за скии бидејќи тој го сака скијањето и ужива кога е на скии.
  • Надворешната мотивација е мотивација која што е базиран на надворешни фактори, како финансии, награди, обврски или одобрување. На пример личноста А продава одреден број на скии во текот на годината затоа што му се потрбни финансии и сака да заработи награда за неговата работа.

внатрешна и надворешна мотивација

Сликата ја покажува разликата помеѓу внатрешната и надворешната мотивација. Внатрешната мотивација доаѓа од внатре и вклучува работи како гордост, постигнување, додека надворешната мотивација е од надворешни фактори, како оценки и награда.

 

И внатрешната и надворешната мотивација се важни, и многумина ги земаат предвид двете кога поставуваат цели кои сакаат да ги постигнат. Да размислиме како и двете можат да бидат активни кај личноста која ја разгледувавме претходно. Внатрешно мотивираното однесување го подобрува квалитетот на работа – тој сака да скија и неизмерно сака да им помогне на другите да го засакаат скијањето, затоа и сака да биде дел од индустријата на зимски спортови. Надворешно мотивираното однесување го подобрува квантитетот на неговата работа, бидејќи доколку продава повеќе скии, тој е награден – добива награда од неговите шефови, зработува повеќе, и е достоен за награда. Бидејќи таа е мотивирана преку внатрешна и надворешна мотивација да работи во оваа индустрија, таа е во состојба да биде еден од најдобрите претставници на бизнисот – клиенте ја сакаат нејзинат енергија и ентузијазам, и таа успева да продаде голема количина на скии секоја година, а со тоа и обезбедува повеќе финансиски средства. Повеќето од менаџерите ќе се заинтересираат за кариерноте цели у интересите, бидејќи ако успеат да најдат начин да ја искомбинираат пасијата на вработениот со работните задачи ќе добијат, подобар и мотивиран работник, што е основа во бизнисот.

Да се запамети следното

  • Кога ги поставуваме и постигнуваме целите, имаме чувство на среќа и сме мотивирани да продолжиме да поставуваме високи стандарди. Зашто? Одговорот е во работата на нашиот мозок – кога постигнуваме цели, мозокот ослободува допамин, хормон и невротрансмитер кој е поврзан со чувствата на задоволство.
  • Некои луѓе веруваат дека клучот на постигнување на целите е нивното запишување! Кога ќе ги запишеме целите, треба да се осигураме дека тие се составени од мали и остварливи чекори кои ќе помогнат за остварување на целта. Исто така е значајно да си дадеме доволно време за остцарување на целите. На пример, наместо да  целта “Јас ќе ја намалам тежината”, треба да се дефинира “Јас ќе ја намалам тежината за 5 кг во следните 6 месеци, така што ќе трчам по 20 мин три пати неделно.”
  • Пријателството игра огромна улога во мотивацијата! Така на пример ако се дружиме индивидуи кои се високо мотивирани и поставуваат лични и бизнис цели, голема е веројатноста дека поставвувањето на цели ќе има влијание врз секој поединец во тоа друштво.

Извор: https://www.khanacademy.org/test-prep/mcat/behavior/physiological-and-sociocultural-concepts-of-motivation-and-attitudes/a/motivation-article-2