Личен развој-дефинирање и значење
Во литературата која ја обработува тематиката за личен развој се наведува дека во последните 30 години се придава огромно значење на овој дел од човековото живеење. Како резултат на зголемениот интерес за личниот развој се појавија голем број на автори кои ја обработуваат оваа тематика, а воедно и имаат развиено свои теории и техники кои допринесуваат за развојот на личноста.
Според дефиницијата на интернет сајтот Wikipedia личниот развој ги покрива сите активности кој ја подобруваат свесноста и идентитетот, ги развиваат талентите и потенцијалите, го подобруваат квалитетот на животот и придонесуваат за реализација на целите и аспирациите. Личниот развој се одвива во текот на целиот живот. Треба да се истакне дека личниот развој е присутен на на повеќе нивоа и тоа
– Индивидуално ниво
– Социјално ниво
– Ментално ниво
– Спиритуално ниво
– Емоционално ниво
Значајно е да се напомене дека во овој процес се вклучени повеќе личности со различни улоги, како што се учители, наставници, ментори, консултанти, менаџери и слично.
Личниот развој може да ги вклучува следните активности
• Зголемување на свесноста за сопственото постоење
• Зголемување на нивото на знаење
• Подобрување на сопствените вештини или стекнување со нови
• Зајакнување или подобрување на самодовербата
• Развој на талентите
• Идентификување и подобрување на потенцијалот
• Подобрување на животниот стил
• Подобрување на општата психофизичка состојба
• Исполнување на аспирациите
• Дефинирање и извршување на планиви за личен развој
• Подобрување на социјалните релации
Наведениот приказ на личниот развој го истакнува неговото значење за подобрувањето на начинот со кои се справуваме во одделни животни ситуации, начинот на кои реагираме на настанатите проблеми и активностите кои ги преземаме со цел да ја подобриме состојбата во која моментално се наоѓаме.
Автор: м-р Дарко Шекеринов