Стравот е едно од чувстата кои го одредува нашето однесување и најчесто тој е ирационален. Не треба да се дозволи стравот да не спречи од нашата намера да го живееме животот со одредена цел. Постојат неколку начини како да го пренасочиме нашето внимание и да ги остваруваме своите цели.
Стравот може да биде фатален. Стравот може да направи да не обесхрабри. Стравот ја храни резистентноста и не стопира од остварување на соништата, промената на ситуацијата status quo, од употребата на нашиот потенцијал, од пробување на нешто ново.
Сомнителен е фактот што постојат голем број на бизнисмени кои се движат низ кариерата без да го искусат стравот – губење на фирмата, губење на делот од пазарот, губење на приходот, или најлошо од се, губење на континуираниот моментум. Постојат повеќе прашања Дали можам? Коj би сакал мене да ме слуша? Дали имам искуство да го работам ова?
Најчесто ова се неодржливи мисли и ирационални стравови.
Вистината е дека стравот, кај многумина од нас е присутен секојдневно. Се поставува прашањето како чувството на страв да го претвориме во моќна алатка. Во продолжение се изнесени 5 клучни совети за да го отстраниме стравот и да го постигнеме успехот кој го посакуваме:
1. Се започнува од ИНДИВИДУАТА
Единственота осуда и прекор која што е важна е онаа која индивидуата ја насочува према себе. Затоа треба да се донесе одлука дали ќе го задржиме тој став или пак ќе донесеме одлука да направиме некоја промена денес со која ќе влијаеме врз себе и врз останатите луѓе од нашата околина. Кога имаме чувство на одреденост и лична цел, кога сме јасни за причините за активностите кои ги преземаме, тогаш може да започнеме да се движиме во насока да го постигнеме тоа што го сакаме во индивидуалниот живот, бизнисот или професијата. Со тоа можеме да уживаме во континуираниот успех затоа што се имаме одредено на живот со цел.
2. Верување на интуицијата
Верувањето на својата интуиција вклучува откривање, разбирање и прифаќање на системот на ВРЕДНОСТИ кои го поседува секоја индивидуа. Живеј го и работи на својот систем на вредности. Доколку не се започне со водење на животот одвнатре и не преземеме контрола за да ги запознаеме сопствените вредности, уверувања и личноста која го претставува нашиот внатрешен свет, нема да можеме да успееме да видеме подобра особа во надворешноста. Овој систем е уникатен за секоја индивидуа па затоа секој засебно е одговорен за преземањето на одговорност. Постојаѕ период кои водат кон промена или пак кога ќе се даде предност на друга вредност-тогаш може да се случи да погледнеме назад и да посакаме да сме и верувале на сопствената интуиција. Да, интуиција, тоа внатрешно чувство. Да не се обидуваме да го заобиколиме и да не му веруваме. Тоа е клучниот дел на личноста, и би требало да научиме дека тоа е еден од најдобрите нешта со кои располагаме. Игнорирањето може да биде опасно.
3. Развој на храброста
Излегувањето надвор од комфорната зона креира нова перспектива за што всушност и самите сме свесни. Меѓутоа сепак стравот наоѓа начин и придонесува личноста да остане заглавна во status quo позиција, место на стагнација каде што нема простор за развој. Храброста е особина која е потрбна за да се излезе од комфорната зона и да се започне патување кон одредената цел. Самото придвижување кон целта ја зајкнува индивидуата и дава масивен поттик допринесувајќи за поголема самодоверба. Истапувањето од комфорната зона ја поттикнува и ангажира индивидуата а воедно и ја присилува да се сооши со сопствените стравови кои ги поседува. Разбирањето на бенефотот од излегување од комфорната зона ќе придонесе за откривање на нови можности и отклучување на патеката за успех.
4. Центар на внимание
Индивидуата не треба да се плаши да биде брилијантна. Треба да има еластичност за да зрачи и да ги следи своите соништа за личен и професионален успех. Нема ништо лошо во тоа да се изгради сопствен профил, сопствен бренд, на најдобар можен начин. Тоа е единствениот начин на лично лидерство со коешто може да се претставиме на нашето опкружување
5. Управување со својот личен прогрес
Многумина од нас инстиктивно вложуваат време и енергија барајќи големи цели и постигнувања – овие моменти го зголемуваат задоволството во тешките периоди. Меѓутоа едноставното фокусирање на големите цели може да води кон разочарување и фрустрација. Постоењето на свесност за целите е важно за да не ја изгубиме насоченоста кон целите и постигнувањата, но исто така е важно да се препознаат и уважат малите досигнувања во текот на денот кои водат кон постигнување на поголема цел.
6. Преземање на акција
Најголем страв имаме од иднината. Многу е важно да успееме да го донесеме умот во состојба континуирано да размислува во сегашноста, фокусирајќи се на тоа што е потребно да се изврши сега, и да се преземе акција за да се задоволи појавената и селектирана потреба. Акцијата допринесува за надминување на стравот од инерција. Напоредно со преземањето на акција и завршување на активноста се зголемува храброста, и индивидуата добива чувство и станува свесна дека може да ги контролира сопствените акции.
7. Прифаќање на одговорност за донесување одлуки
Во случај кога индивидуата се воздржува од донесување на одлуки, надвор од стравот од неуспех, го поттикнува истиот страв кај останатите околу неа. Тоа би значело едноличен начин на однесвање и присуство на ендемична неспособност за промена на status quo. Во голем дел од истакнување на храброста е ризикот од правење грешка, инволвираност во разговори, и презентирање на околината дека тоа е ОК.
Постојат голем број на луѓе кои имаат желба за промена, кои ја преземаат одговорноста за сопствениот успех, и евентуално за сопствената среќа, кои воедно ја препознаваат потребата да се отиде поделеку, да се погледне малку повисоко и кој постигнуваат највисока сатисфакција. Потребно е индивидуата да ја зголеми храброста. Да погледне длабоко во себе и да го сподели својот талент, цвоето лидерство, својата експертиза. Да креира енергија и таа енергија ќе поттикне промена на личноста и на луѓето околу неа. Тоа се оние индивидуи кои се спремни да исчекорат, да се соочат со своите стравови, кои се способни да креираат моментум во своите успешни соништа.
На крајот од денот, која би била цената доколку индивидуата не се обиде?
Извор: http://www.success.com/article/5-tips-to-overcome-your-probably-irrational-fears
admin
Структура на личноста
За да можеме да започнеме со разработка на темата за развој на личноста мораме најнапред да дефинираме што се подразбира под поимот личност и која е нејзината структура.
Поимот личност претставува еден од основните поими во психологијата и претставува сложена ментална структура која што е составена од огромен број на составни делови кои формираат одреден и интегриран психолошки склоп кој ги одредува особините и однесувањето на индивидуата.
Постојат повеќе теории за структурата на личноста, но според анализата по клучни зборови на интернет прелистувачот Google, најзастапена е психоаналитичката теорија на Сигмунд Фројд (1856-1939) кој се смета дека ја создал на првата сеопфатна теорија теорија на личност. Според оваа теорија личноста има сложен комплексеб и динамичен состав. Тоа подразбира дека личноста постојано е во динамика која што предизвикува промена во нејзината структура која што се случува врз основа на искуствата.
Според теоријата на Фројд личноста егзистира на три нивоа: свесно, предсвесно (потсвест) и несвесно ниво. Составена од три дела и тоа ИД кое се наоѓа целосно во несвесно ниво, потоа ЕГО кое се наѓа во потсвесното и свесното ниво и СУПЕРЕГО кое е присутно во свесно и несвесно ниво на личноста. Моделот на структура на личноста можеда се претстави како сантa мраз која се наоѓа во морето. Тоа може да се илустрира на следната слика
Слика 1. Дијаграм на Фројдовата теорија
Извор: https://simple.wikipedia.org/wiki/Id,_ego,_and_super-ego
Од сликовниот приказ, можеме да забележиме дека одделните структурни делови функционираат на различните нивоа на личноста. Секој структурен дел има своја функција во формирањето и динамката на личноста. Во продолжение ќе биде обработен секој структурен дел поединечно и потоа ќе биде прикажана нивната меѓусебна интеракција при динамиката на личноста согласно анализираната литература.
ИД (Тоа) – Овој дел се наоѓа целосно во несвесно ниво. Се состои од голем број на психолошки елементи и се она што го носиме како наследство од претходните генерации. Во овеј дел е концентриран најголем дел од психичката енергија. Функционира на принципот на моментално задоволување на потребите. Во својот состав ги содржи емоциите.
Супер ЕГО според прикажаната слика, најголем процент од овој дел се наоќа во несвесно ниво, а дел се наоѓа и во свесно ниво. Овој дел од структурата всушност претставува ограничувања и норми кои ги имаме создадено во текот на животниот пат. Овие норми и ограничувања се настанати под влијание на разни авторитети, книги, медиуми, социјалната околина. Доколку овие наметнати норми не се почитуваат, личноста има тенденција да се чувствува безвредна.
ЕГО – Овој дел е присутен комбинирано во свесното и несвесното ниво. Тоа е оној дел од личноста кое функционира додека се извршуваат дневните активности. Главната задача на егото е да извршува. Претежно ЕГО-то е тоа што ја има функцијата на размислување, планирање, поставување на цели, анализа.
Овие три структурни делови се во постојана интеракција.
Во одредени случаи во текот на развојот на личноста, ЕГО-то не е во состојба да постигне рамнотежа помеѓу барањата кои ги поставуваат деловите ИД и Супер ЕГО и во тој случај доаѓа до внатрешен конфликт кај личноста кое што е проследено со негативни емоции и состојби. Овие состојби ЕГО-то настојува да ги донесе во состојба на рамнотежа, меѓутоа тоа би било тема за обработка во некој нареден текст.
Автор: м-р Дарко Шекеринов
Користена Литература
- К.Хол и Г. Линдзи: Теории за личноста, Скопје 2007
- https://simple.wikipedia.org/wiki/Id,_ego,_and_super-ego
- http://refrigenerator.blogspot.mk/2010/04/id-ego-and-superego.html
Личен развој-Гешталт пристап
Во еден од претходните текстови беше опишан личниот развој како континуиран процес кој се одвива во текот на животот. Постојат повеќе теоретски пристапи кои ја обработуваат оваа проблематика, а еден значаен пристап е Гешталт Терапијата. Основач на овој пристап се смета Фритз Перлс,а ко-креатори се Лаура Перлс, Пол Гудман и Ралф Хеферлин кои ги изнеле своите претпоставки во делото Гешталт Терапија: Возбуда и раст на човековата личност во 1951 година. Според овој пристап, секоја личност во својата основа тежи кон себе актуализација.
Во денешно време, овој правец се претставува како вистинска егзистенцијална филозофија односно уметност на живеење при што се согледува односот на човековото битие и околината. Во основа овој правец го поттикнува
-
автентичниот контакт,
-
креативното прилагодување на организмот кон средината и
- Свесност за навиките кои се повторуваат и одредување на оние навики кои повеќе не ни се потребни и кои можеме да ги промениме.
Накратко кажано, овој пристап не се занимава со анализа или вербализација на случувањата, туку предност се дава на глобалното освестување на начинот на кој што функционираме, процесите кои ги користиме за креативно прилагодување на средината, сегашното искуство, нашите избегнувања и одбранбените механизми (отпори). Со тоа овој пристап дава поттик и охрабрување да се запознаеме самите себе, да се прифатиме себе си во целост, а дури потоа да правиме промена согласно личните потреби. Всушност и самиот пристап придава огромна важност на креативната промена, и поттикнува на експериментирање.
Практично гледано Гешталт Терапијата има холистички пристап и тежнее кон одржување на рамнотежа и добросостојба на целиот организам. Главниот фокус е ставен на развојот на свесност за нашето постоење во сегашноста што е дефинирано како присутност во овде и сега. Тоа значи дека се свесно се вербализираат доживувањата кои ги имаме во сегашниот момент, бидејќи единствено тоа постои. Минатите искуства ги интерпретираме во сегашноста, значи секоја индивидуа им дава значење во согласност со својата перцепција. Иднината, е само нешто кон кое што се стремиме, а индивидуата повторно придава значење во согласност со својата перцепција.
Од претходно изнесеното можеме да заклучиме дека Гешталт Терапијата нуди многу солиден и прифатлив пристап кон личниот развој. Усвојувањето и примената на нејзините основни принципи (присутноста овде и сега, фаворизирање на контактот и дијалогот како единствен процес при којшто се стимулира промената, креативното прилагодување кон средината) придонесува кон започнување на еден сосеме нов животен стил при што се настојува личноста која го практикува овој пристап да започне да ги открива своите лични потенцијали и да почне да ги развива и користи за конечно да постигне целосна исполнетост и дообросостојба.
Мотивација
За Мотивацијата
Мотивацијата е составен елемент на секое однесување. Теоријата на мотивацијата ги обработува прашањата кои даваат одговор за нешето однесување и дејствување. Зашто стануваме од кревет наутро? Зашто јадеме, одржуваме хигиена, одиме во школо или на работа? Зашто вежбаме? Иако не морара да се прават овие работи, многумина се активни во таа насока. Зашто?
Мотивацијата е таа која што одредува дали активноста која што ја преземаме е предизвик или пак е нешто досадно
Основен модел на мотивација
Мотивацијата за преземање на одредена активност доаѓа од потребите. Треба да јадеме за да преживееме, треба да одржуваме хигиена за да останеме здрави, и треба да работиме за да заработиме за да можеме да купиме храна и да платиме сметки. Потребите може да дојдат во многу различни форми – некои се повеќе емотивни, како на пример желбата да се положи испитот, некои се биолошки, како на пример потребата за вода. Потребите можат да се менуваат со во различни периоди од животот. Мислите, уверувањата, околината, културата и социјалните релации се елементи кои играат улога кога одредуваме која е нашата потреба во одреден момент од животот.
Доколку потребите не се задоволени, индивидуата може да чувствува дека ја изгубила целта, или пак дека недостасува нешто во нејзиниот живот. Кога се чувствува на тој начин единката се обидува да ја надополни празнината и да ги задоволи своите потреби.
Различни типови на потреби
Теориите за мотивација фокусот го ставаат на релативното значење на различните видови на потреби, кои можат да се групираат во три основни категории: физиолошки потреби, психолошки потреби и научени потреби.
- Физиолошките потреби се вродени, биолошки и тие мораат да бидат задоволени за да можеме да преживееме.Некои основни примери на физиолошки потреби се храна, жед, избегнувањето на болка и слично, кои се регулирани преку внатрешните системи на телото од самото раѓање на човекот. Мотивационите теории кои се фокусирани на физиолошките потреби ја нагласуваат важноста на хомеостазата или на процесите кои ги употребува телото за да ги оддржува внатрешните системи балансирани и стабилни (пр. регулација на темппературата) и телесните природни тенденции во текот на денот (природен ритам). Една од теориите за мотивацијата која е базирана на физиолошките потреби е редукционата теорија, која сугерира дека мотивацијата доаѓа од желбата да се редуцира внатрешната тензија, што всушност е сигнал од телото дека нешто недостасува и е потребно да се преземе акција за да преживееме. На пример, се чувствуваме гладни затоа што телото ослободува хормони во одреден период од денот. Јадеме на пример пица за да го редуцираме тој глад, што овозможува телото да дојде повторно во баланс. На ист начин, при глвоболка се употребува медикамент за да се редуцира болката која што ја чувствуваме – телото ни кажува дека нешто не е во ред, и преземаме акција за да го решиме проблемот.
- Психолошките потреби се базирани на мислите, чувствата, уверувањата, очекувањата и сликата за себе. Психолошките потреби се важни за нашето ментално здравје и среќа, но и за да креираат баланс и хармонија во психичкиот живот. Една од теориите која се фокусира на психолошките потреби е теоријата на когнитивна дисонанца, која наведува дека чувството на непријатност и некомфорност се појавува кога постои значајна разлика помеѓу тоа што мислиме или веруваме и акциите кои ги преземаме. Оваа непријатност ја зголемува желбата за промена на однесувањето за да се чувствувамме подобро. На пример ако веруваме дека неискреноста е лоша особина која е карактеристична за лошите личности, лажењето може да допринесе да се чувствуваме непријатно, вознемирено и анксиозно. Ќе се чувствуваме непријатно се додека не започнеме да деливамме поинаку, во овој случај, да почнеме да ја кажуваме вистината. Кога ќе ја кажуваме вистината, ќе се добие чувство на ослободување и анксиозноста ќе исчезне.
- Научени потреби – тоа се потреби кои доаѓаат од нашето искуство и имаат влијание од нештата кои ни се случиле во текот на животот. Станува збор за работи како награди, финансиски средства, успех и задоволство – не доаѓаме на овој свет со цел да станеме директор или да водиме бизнис – тоа е нешто што учиме да го сакаме. Една од теориите за научени потреби, incentiev theory, наведува дека секое однесување кое е поврзано со награда ќе создаде мотивација за акција. На пример некои библиотеки нудат забави за деца кој читаат најмногу книги преку летото. Доколку детето сака награда, тоа ќе биде мотивирано да чита книги. Како возрасни, финансискиот бонус или награда на работното место е најчесто научена потреба. Пример, една особа е претставник на фирма за продажба на автоммобили. Ако тој продаде најмногу автомобили преку годината ќе добие награда патувања. Бидејчи таа особа навистина ги сака автомобилите, а истовремено и сака да освои награда, таа особа е мотивирана да вложи повеќе труд за да ја оствари својата цел.
Дали сите потреби се еднакво важни?
Секој има различни чувства за тоа кои потреби се најважни за него, но некои психолози веруваат дека не можеме да растеме како личности се додека не ги задоволиме своите основни потреби (оние кои се поврзани со преживување). Абрахам Маслов ја создал теоријата за хиерархија на потребите
Според оваа теорија потребите се поделени во три посебни категории – основни потреби, психолошки потреби и потреби са себе – исполнување. Основните потреби како што се потребите за храна, вода, воздух, безбедно место за живеење, мораат да бидат исполнети пред било кој други потреби како, социјалните, или пак потребите за себеактуелизација. Како што ги исполнуваме потребите од дното на пирамидата, ќе бидеме во можност да започнеме да ги задоволуваме потребите за личен раст и развој. На пример ако станува збор за социјално загрозено лице, кое секојдневно се соочува со недостаток на основни средства за преживување, мала е веројатноста дека ќе има потреба да се експонира или да бара престижно работно место. Но доколку станува збор за индивидуа која потекнува од сигурна, безбедна и средина исполнета со љубов, веројатно ќе настојува кон успех на работното место и во заедницата. Маслов верувал дека секоја индувудуа е мотивирана да го постигне најдоброто од себе и ќе презема активности и работи за да ја задоволи потребата за себе-актуелизација.
Внатрешна и надворешна мотивација
Термините “внатрешна” и “надворешна” се однесуваа на тоа од каде потекнува мотивацијата за задоволување на потребите.
- Внатрешната мотивација е мотивација која е базирана на внатрешните фактори, работи сакаме да ги правиме и кој не прават среќни. На пример личноста А работи во продавница за скии бидејќи тој го сака скијањето и ужива кога е на скии.
- Надворешната мотивација е мотивација која што е базиран на надворешни фактори, како финансии, награди, обврски или одобрување. На пример личноста А продава одреден број на скии во текот на годината затоа што му се потрбни финансии и сака да заработи награда за неговата работа.
Сликата ја покажува разликата помеѓу внатрешната и надворешната мотивација. Внатрешната мотивација доаѓа од внатре и вклучува работи како гордост, постигнување, додека надворешната мотивација е од надворешни фактори, како оценки и награда.
И внатрешната и надворешната мотивација се важни, и многумина ги земаат предвид двете кога поставуваат цели кои сакаат да ги постигнат. Да размислиме како и двете можат да бидат активни кај личноста која ја разгледувавме претходно. Внатрешно мотивираното однесување го подобрува квалитетот на работа – тој сака да скија и неизмерно сака да им помогне на другите да го засакаат скијањето, затоа и сака да биде дел од индустријата на зимски спортови. Надворешно мотивираното однесување го подобрува квантитетот на неговата работа, бидејќи доколку продава повеќе скии, тој е награден – добива награда од неговите шефови, зработува повеќе, и е достоен за награда. Бидејќи таа е мотивирана преку внатрешна и надворешна мотивација да работи во оваа индустрија, таа е во состојба да биде еден од најдобрите претставници на бизнисот – клиенте ја сакаат нејзинат енергија и ентузијазам, и таа успева да продаде голема количина на скии секоја година, а со тоа и обезбедува повеќе финансиски средства. Повеќето од менаџерите ќе се заинтересираат за кариерноте цели у интересите, бидејќи ако успеат да најдат начин да ја искомбинираат пасијата на вработениот со работните задачи ќе добијат, подобар и мотивиран работник, што е основа во бизнисот.
Да се запамети следното
- Кога ги поставуваме и постигнуваме целите, имаме чувство на среќа и сме мотивирани да продолжиме да поставуваме високи стандарди. Зашто? Одговорот е во работата на нашиот мозок – кога постигнуваме цели, мозокот ослободува допамин, хормон и невротрансмитер кој е поврзан со чувствата на задоволство.
- Некои луѓе веруваат дека клучот на постигнување на целите е нивното запишување! Кога ќе ги запишеме целите, треба да се осигураме дека тие се составени од мали и остварливи чекори кои ќе помогнат за остварување на целта. Исто така е значајно да си дадеме доволно време за остцарување на целите. На пример, наместо да целта “Јас ќе ја намалам тежината”, треба да се дефинира “Јас ќе ја намалам тежината за 5 кг во следните 6 месеци, така што ќе трчам по 20 мин три пати неделно.”
- Пријателството игра огромна улога во мотивацијата! Така на пример ако се дружиме индивидуи кои се високо мотивирани и поставуваат лични и бизнис цели, голема е веројатноста дека поставвувањето на цели ќе има влијание врз секој поединец во тоа друштво.
Гешталт Коучинг како пристап во личнот развој
Пристапот на гешталт коучингот е фокусиран на сегашноста и настојува да ги идентификува критичните точки кои се присутни “во моментот”, и превземање на суштински активности кои водат кон долгорочни посакувани индивидуални промени. Примената на гешталт коучингот подразбира развој на присутноста и свесноста за сегшниот момент. Тоа ја вклучува присутноста и свесноста на клиентот за сегашниот момент и сопствените потреби. На тој начин се овозможува коучот да понуди квалитетна и значајна опсервација или интервенција која ќе му помогне на клиентот да ја надмине состојбата која што сака да ја промени.
Гешталт коучингот започнува со сет на базични претпоставки кои ги нагласува вредностите на свесноста за сегашноста, интеракцијата помеѓу клиентот и коучот и екксперименирањето, како што е прикажано на следната табела
ОСНОВНИ ПРЕТПОСТАВКИ ВО ГЕШТАЛТ ПРИСТАПOT |
Учењето настанува преку анализа на искуството овде и сега |
Свесноста е претходник на ефективната акција; свесноста води кон избор |
Секоја индивидуа има внатрешна потреба да се однесува ефективно. |
Развојот на индивидуата се случува преку интеракција помеѓу клиентот и коучот. Присутноста на коучот овде и сега е критичен елемент во процесот. |
Експериментирањето е основен извор на учење |
Посакуваната промена е одговорност на клиентот, а не на коучот |
Автентичноста на индивидуата е круцијална за прилагодувањето |
Фокусот е ставен врз процесот кој постојано е во тек |
Гешталт коучот го носи присуството во коучинг средбата, каде што однесувањето и личната експресија кои се во во согласност со неговите суштински вредности. Присутноста на коучот го мотивира клиентот да ја сподели своето внатрешно доживување и да добие поддршка во текот на личниот развоен процес и да осознаат дека располагаат со неограничен потенција. Гешталт коучот исто така дава поддршка на капацитетот на клиентот прецизно да го оцени своето опкружување, да ја процени состојбата и да ја открие смислата на работите а со тоа и да ја зајакне соопствената свесност, да ги прошири можните избори и да преземе самоуверена и продуктивна акција кон посакуваната промена.
Од претходното излагање може да се забележи дека гешталт коучот настојува да воспостави и одржува релација со клиентот која овозможува да се развие меѓусебн доверба које потребна за да се подигне свесноста со што ќе се иницира промена.
ПРИСТАП ВО ГЕШТАЛТ КОУЧИНГОТ
Развојот на гешталт коучингот допринесува да се издиференцира пристап кој е различен од остантите форми на коучинг. Гешталт коучот поминува тренинг при што се стекнува со одредени вештини како што се:
а) Лична ангажираност во текот на средбата
б) Присутност овде и сега
в) поддршка на клиентот во личниот развој што придонесува кон нови увиди, однесувања и преземање на нови акции.
Гешталт институтот во Кливеланд има направено приказ на пристапот при изведување на коучинг средбата:
- A) Употреба на селфот како инструмент. Коучот е експерт за свесноста. Исто така мора да постои взаемна рамнотежа помеѓу однесувањето на коучот и тоа што сака да го пренесе на другите.
Б) Обезбедува присуство во текот на средбата. Тој цврсто ги одржува своите вредности и вештини. Го моделира начинот на решавање на проблемите и начинот на кој се справува во животот генерално. Во текот на средбата коучот ја фокусира енергијата на клиентот кон самата ситуација која треба да се надмине, а не на посакуваните решенија. Своето интенција ја остварува преку примена на одредени вежби или експерименти кои ја зголемуваат свесноста на клиентот.
В) Употреба на техники. Како најбитени техники кои ги применува коучот вo текот на средбата се:
- Опсервација и споделување на тоа што гледа, слуша и чувствува
- Го споделува сопственото искуство (сензации, чувства, мисли)
- Фокусирање на енергијата кон клиентот и одредување на тоа што е вишок или недостасува во системот Ова го поддржува мобилизирањето на енергијата и води кон нови доживувања.
- Обезбедува јасни и значајни контакти помеѓу членовите во системот на клиентот
- Го поддржува клиентот во процесот на завршување на незавршените работи од индивидуалниот систем кои имаат влијание во сегашноста.
Претходното излагање го истакнува значењето на гешталтистичкиот пристап во коучингот како метода личниот развој. За да успешно да се примени овој пристап потребно е голема лична дисциплина и свесност. Личната дисциплина се гледе во постојана будност и следење на тоа “што е присутно” во процесот на личен развој. Свесноста подразбира способност да се дефинира “што е присутно”. Гешталт пристапot во коучингот нуди моќен модел кои го поттикнува личниот развој и води кон посакувани и автентични промени.