Личен развој-Гешталт пристап

Во еден од претходните текстови беше опишан личниот развој како континуиран процес кој се одвива во текот на животот. Постојат повеќе теоретски пристапи кои ја обработуваат оваа проблематика, а еден значаен пристап е Гешталт Терапијата. Основач на овој пристап се смета Фритз Перлс,а ко-креатори се Лаура Перлс, Пол Гудман и Ралф Хеферлин кои ги изнеле своите претпоставки во делото Гешталт Терапија: Возбуда и раст на човековата личност во 1951 година. Според овој пристап, секоја личност во својата основа тежи кон себе актуализација.

Во денешно време, овој правец се претставува како вистинска егзистенцијална филозофија односно уметност на живеење при што се согледува односот на човековото битие и околината. Во основа овој правец го поттикнува

  1. автентичниот контакт,

  2. креативното прилагодување на организмот кон средината и

  3. Свесност за навиките кои се повторуваат и одредување на оние навики кои повеќе не ни се потребни и кои можеме да ги промениме.

Накратко кажано, овој пристап не се занимава со анализа или вербализација на случувањата, туку предност се дава на глобалното освестување на начинот на кој што функционираме, процесите кои ги користиме за креативно прилагодување на средината, сегашното искуство, нашите избегнувања и одбранбените механизми (отпори). Со тоа овој пристап дава поттик и охрабрување да се запознаеме самите себе, да се прифатиме себе си во целост, а дури потоа да правиме промена согласно личните потреби. Всушност и самиот пристап придава огромна важност на креативната промена, и поттикнува на експериментирање.

Практично гледано Гешталт Терапијата има холистички пристап и тежнее кон одржување на рамнотежа и добросостојба на целиот организам. Главниот фокус е ставен на развојот на свесност за нашето постоење во сегашноста што е дефинирано како присутност во овде и сега. Тоа значи дека се свесно се вербализираат доживувањата кои ги имаме во сегашниот момент, бидејќи единствено тоа постои. Минатите искуства ги интерпретираме во сегашноста, значи секоја индивидуа им дава значење во согласност со својата перцепција. Иднината, е само нешто кон кое што се стремиме, а индивидуата повторно придава значење во согласност со својата перцепција.

Од претходно изнесеното можеме да заклучиме дека Гешталт Терапијата нуди многу солиден и прифатлив пристап кон личниот развој. Усвојувањето и примената на нејзините основни принципи (присутноста овде и сега, фаворизирање на контактот и дијалогот како единствен процес при којшто се стимулира промената, креативното прилагодување кон средината) придонесува кон започнување на еден сосеме нов животен стил при што се настојува личноста која го практикува овој пристап да започне да ги открива своите лични потенцијали и да почне да ги развива и користи за конечно да постигне целосна исполнетост и дообросостојба.

Структура на личноста

За да можеме да започнеме со разработка на темата за развој на личноста мораме најнапред да дефинираме што се подразбира под поимот личност и која е нејзината структура.

Поимот личност претставува еден од основните поими во психологијата и претставува сложена ментална структура која што е составена од огромен број на составни делови кои формираат одреден и интегриран психолошки склоп кој ги одредува особините и однесувањето на индивидуата.

Постојат повеќе теории за структурата на личноста, но според анализата по клучни зборови на интернет прелистувачот Google, најзастапена е психоаналитичката теорија на Сигмунд Фројд (1856-1939) кој  се смета дека ја создал на првата сеопфатна теорија  теорија на личност. Според оваа теорија личноста има сложен комплексеб и динамичен состав. Тоа подразбира дека личноста постојано е во динамика која што предизвикува промена во нејзината структура која што се случува врз основа на искуствата.

Според теоријата на Фројд личноста егзистира на три нивоа: свесно, предсвесно (потсвест) и несвесно ниво. Составена од три дела и тоа ИД кое се наоѓа целосно во несвесно ниво, потоа ЕГО кое се наѓа во потсвесното и свесното ниво и СУПЕРЕГО кое е присутно во свесно и несвесно ниво на личноста. Моделот на структура на личноста можеда се претстави како сантa мраз која се наоѓа во морето. Тоа може да се илустрира на следната слика

Слика 1. Дијаграм на Фројдовата теорија

Извор: https://simple.wikipedia.org/wiki/Id,_ego,_and_super-ego

Од сликовниот приказ, можеме да забележиме дека одделните структурни делови функционираат на различните нивоа на личноста. Секој структурен дел има своја функција во формирањето и динамката на личноста. Во продолжение ќе биде обработен секој структурен дел поединечно и потоа ќе биде прикажана нивната меѓусебна интеракција при динамиката на личноста согласно анализираната литература.

ИД (Тоа) – Овој дел се наоѓа целосно во несвесно ниво. Се состои од голем број на психолошки елементи и се она што го носиме како наследство од претходните генерации. Во овеј дел е концентриран најголем дел од психичката енергија. Функционира на принципот на моментално задоволување на потребите. Во својот состав ги содржи емоциите.

Супер ЕГО според прикажаната слика, најголем процент од овој дел се наоќа во несвесно ниво, а дел се наоѓа и во свесно ниво. Овој дел од структурата всушност претставува ограничувања и норми кои ги имаме создадено во текот на животниот пат. Овие норми и ограничувања се настанати под влијание на разни авторитети, книги, медиуми, социјалната околина. Доколку овие наметнати норми не се почитуваат, личноста има тенденција да се чувствува безвредна.

ЕГО – Овој дел е присутен комбинирано во свесното и несвесното ниво. Тоа е оној дел од личноста кое функционира додека се извршуваат дневните активности. Главната задача на егото е да извршува. Претежно ЕГО-то е тоа што ја има функцијата на размислување, планирање, поставување на цели, анализа.

Овие три структурни делови се во постојана интеракција.

Во одредени случаи во текот на развојот на личноста, ЕГО-то не е во состојба да постигне рамнотежа помеѓу барањата кои ги поставуваат деловите ИД и Супер ЕГО и во тој случај доаѓа до внатрешен конфликт кај личноста кое што е проследено со негативни емоции и состојби. Овие состојби ЕГО-то настојува да ги донесе во состојба на рамнотежа, меѓутоа тоа би било тема за обработка во некој нареден текст.

Автор: м-р Дарко Шекеринов

Користена Литература

  1. К.Хол и Г. Линдзи: Теории за личноста, Скопје 2007
  2. https://simple.wikipedia.org/wiki/Id,_ego,_and_super-ego
  3. http://refrigenerator.blogspot.mk/2010/04/id-ego-and-superego.html
 

 

 

 

 

 

 

7 Совети за надминување на сопствените (ирационални) стравови

 

Стравот е едно од чувстата кои го одредува нашето однесување и најчесто тој е ирационален. Не треба да се дозволи стравот да не спречи од нашата намера да го живееме животот со одредена цел. Постојат неколку начини како да го пренасочиме нашето внимание и да ги остваруваме своите цели.
Стравот може да биде фатален. Стравот може да направи да не обесхрабри. Стравот ја храни резистентноста и не стопира од остварување на соништата, промената на ситуацијата status quo, од употребата на нашиот потенцијал, од пробување на нешто ново.
Сомнителен е фактот што постојат голем број на бизнисмени кои се движат низ кариерата без да го искусат стравот – губење на фирмата, губење на делот од пазарот, губење на приходот, или најлошо од се, губење на континуираниот моментум. Постојат повеќе прашања Дали можам? Кои би сакал мене да ме слуша? Дали имам искуство да го работам ова?
Најчесто ова се неодржливи мисли и ирационални стравови.
Вистината е дека стравот, кај многумина од нас е присутен секојдневно. Се поставува прашањето како чувството на страв да го претвориме во моќна алатка. Во продолжение се изнесени 5 клучни совети за да го отстраниме стравот и да го постигнеме успехот кој го посакуваме:
1. Се започнува од ИНДИВИДУАТА
Единственота осуда и прекор која што е важна е онаа која индивидуата ја насочува према себе. Затоа треба да се донесе одлука дали ќе го задржиме тој став или пак ќе донесеме одлука да направиме некоја промена денес со која ќе влијаеме врз себе и врз останатите луѓе од нашата околина. Кога имаме чувство на одреденост и лична цел, кога сме јасни за причините за активностите кои ги преземаме, тогаш може да започнеме да се движиме во насока да го постигнеме тоа што го сакаме во индивидуалниот живот, бизнисот или професијата. Со тоа можеме да уживаме во континуираниот успех затоа што се имаме одредено на живот со цел.
2. Верување на интуицијата
Верувањето на својата интуиција вклучува откривање, разбирање и прифаќање на системот на ВРЕДНОСТИ кои го поседува секоја индивидуа. Живеј го и работи на својот систем на вредности. Доколку не се започне со водење на животот одвнатре и не преземеме контрола за да ги запознаеме сопствените вредности, уверувања и личноста која го претставува нашиот внатрешен свет, нема да можеме да успееме да видеме подобра особа во надворешноста. Овој систем е уникатен за секоја индивидуа па затоа секој засебно е одговорен за преземањето на одговорност. Постојаѕ период кои водат кон промена или пак кога ќе се даде предност на друга вредност-тогаш може да се случи да погледнеме назад и да посакаме да сме и верувале на сопствената интуиција. Да, интуиција, тоа внатрешно чувство. Да не се обидуваме да го заобиколиме и да не му веруваме. Тоа е клучниот дел на личноста, и би требало да научиме дека тоа е еден од најдобрите нешта со кои располагаме. Игнорирањето може да биде опасно.
3. Развој на храброста
Излегувањето надвор од комфорната зона креира нова перспектива за што всушност и самите сме свесни. Меѓутоа сепак стравот наоѓа начин и придонесува личноста да остане заглавна во status quo позиција, место на стагнација каде што нема простор за развој. Храброста е особина која е потрбна за да се излезе од комфорната зона и да се започне патување кон одредената цел. Самото придвижување кон целта ја зајкнува индивидуата и дава масивен поттик допринесувајќи за поголема самодоверба. Истапувањето од комфорната зона ја поттикнува и ангажира индивидуата а воедно и ја присилува да се сооши со сопствените стравови кои ги поседува. Разбирањето на бенефотот од излегување од комфорната зона ќе придонесе за откривање на нови можности и отклучување на патеката за успех.
4. Центар на внимание
Индивидуата не треба да се плаши да биде брилијантна. Треба да има еластичност за да зрачи и да ги следи своите соништа за личен и професионален успех. Нема ништо лошо во тоа да се изгради сопствен профил, сопствен бренд, на најдобар можен начин. Тоа е единствениот начин на лично лидерство со коешто може да се претставиме на нашето опкружување
5. Управување со својот личен прогрес
Многумина од нас инстиктивно вложуваат време и енергија барајќи големи цели и постигнувања – овие моменти го зголемуваат задоволството во тешките периоди. Меѓутоа едноставното фокусирање на големите цели може да води кон разочарување и фрустрација. Постоењето на свесност за целите е важно за да не ја изгубиме насоченоста кон целите и постигнувањата, но исто така е важно да се препознаат и уважат малите досигнувања во текот на денот кои водат кон постигнување на поголема цел.
6. Преземање на акција
Најголем страв имаме од иднината. Многу е важно да успееме да го донесеме умот во состојба континуирано да размислува во сегашноста, фокусирајќи се на тоа што е потребно да се изврши сега, и да се преземе акција за да се задоволи појавената и селектирана потреба. Акцијата допринесува за надминување на стравот од инерција. Напоредно со преземањето на акција и завршување на активноста се зголемува храброста, и индивидуата добива чувство и станува свесна дека може да ги контролира сопствените акции.
7. Прифаќање на одговорност за донесување одлуки
Во случај кога индивидуата се воздржува од донесување на одлуки, надвор од стравот од неуспех, го поттикнува истиот страв кај останатите околу неа. Тоа би значело едноличен начин на однесвање и присуство на ендемична неспособност за промена на status quo. Во голем дел од истакнување на храброста е ризикот од правење грешка, инволвираност во разговори, и презентирање на околината дека тоа е ОК.
Постојат голем број на луѓе кои имаат желба за промена, кои ја преземаат одговорноста за сопствениот успех, и евентуално за сопствената среќа, кои воедно ја препознаваат потребата да се отиде поделеку, да се погледне малку повисоко и кој постигнуваат највисока сатисфакција. Потребно е индивидуата да ја зголеми храброста. Да погледне длабоко во себе и да го сподели својот талент, цвоето лидерство, својата експертиза. Да креира енергија и таа енергија ќе поттикне промена на личноста и на луѓето околу неа. Тоа се оние индивидуи кои се спремни да исчекорат, да се соочат со своите стравови, кои се способни да креираат моментум во своите успешни соништа.
На крајот од денот, која би била цената доколку индивидуата не се обиде?
Извор: http://www.success.com/article/5-tips-to-overcome-your-probably-irrational-fears

За личниот развој

Личен развој-дефинирање и значење
Во литературата која ја обработува тематиката за личен развој се наведува дека во последните 30 години се придава огромно значење на овој дел од човековото живеење. Како резултат на зголемениот интерес за личниот развој се појавија голем број на автори кои ја обработуваат оваа тематика, а воедно и имаат развиено свои теории и техники кои допринесуваат за развојот на личноста.
Според дефиницијата на интернет сајтот Wikipedia личниот развој ги покрива сите активности кој ја подобруваат свесноста и идентитетот, ги развиваат талентите и потенцијалите, го подобруваат квалитетот на животот и придонесуваат за реализација на целите и аспирациите. Личниот развој се одвива во текот на целиот живот. Треба да се истакне дека личниот развој е присутен на на повеќе нивоа и тоа
– Индивидуално ниво
– Социјално ниво
– Ментално ниво
– Спиритуално ниво
– Емоционално ниво
Значајно е да се напомене дека во овој процес се вклучени повеќе личности со различни улоги, како што се учители, наставници, ментори, консултанти, менаџери и слично.
Личниот развој може да ги вклучува следните активности
• Зголемување на свесноста за сопственото постоење
• Зголемување на нивото на знаење
• Подобрување на сопствените вештини или стекнување со нови
• Зајакнување или подобрување на самодовербата
• Развој на талентите
• Идентификување и подобрување на потенцијалот
• Подобрување на животниот стил
• Подобрување на општата психофизичка состојба
• Исполнување на аспирациите
• Дефинирање и извршување на планиви за личен развој
• Подобрување на социјалните релации
Наведениот приказ на личниот развој го истакнува неговото значење за подобрувањето на начинот со кои се справуваме во одделни животни ситуации, начинот на кои реагираме на настанатите проблеми и активностите кои ги преземаме со цел да ја подобриме состојбата во која моментално се наоѓаме.
Автор: м-р Дарко Шекеринов

Коучингот како развоен процес

Во текот на нашиот животен развој често пати се наоѓаме на крстосница, незнаејќи по кој пат да продолжиме. Многу често се одлучуваме и за промена на кариериерата. Овие нови размислувања ги прават работите покомплицирани отколку што се.

Да се биде во можност да се откријат работите за кој индивидуата има пасија е многу тешко, а тоа е поради фактот што како човечки организми сакаме многу нешта. Се надеваме дека кога ќе успееме да го постигнеме врвот на кариерата, нема да сакаме ништо повеќе.Сепак по достигнувањето на оваа цел може да се случи да не го добиеме очекуваниот ефект и евентуално можеме целосно да го загубиме чувството за себе си и своето постоење.

Успехот не е основа за пронаоѓање на сопственото постоење. Советите од нашите пријатели се бескорисни,доколку не ги користиме. Уште повеќе треба да се истакне фактот дека видувањата се еднострани, бидејќи тие не ја познаваат целата ситуација. Единствено ние самите имаме моќ врз себе, затоа што ние целосно и од секој агол го искусуваме сопствениот живот.

Накусо за коучингот како процес

Постојат уверувања при што се поистоветуваат процесот на коучинг и психотерапијата. Меѓутоа спротивно на уверувањата постои огромна разлика помеѓу коучингот и терапијата. Всушност и луѓето кои се занимаваат со коучинг не се задолжително психолози. Тие дејствуваат како радикални катализатори кои предизвикуваат и поттикнуваат на акција. Процесот на коучинг е заедница, поточно синергија помеѓу коучот и клиентот при што заедно го одредуваат правецот по кој ќе се движат во текот на процесот. При тоа се тргнува од претпоставката дека индивидуите ги поседуваат сите одговори на сопствените прашања кои всушност помагаат при решавање на поставениот проблем кои ги спречува да ја постигнат целта. Често пати по краток разговор во една коучинг средба може да се постигне огрпмен прогрес.

Многумина прашуваат дали луѓето кои се занимаваат со коучинг се експерти. Одговорот на ова прашање е ДА, тие се се експерти за своите сопствени животи. Најчесто во процесот на коучинг не се дава директна сугестија за тоа што да правите, затоа што секоја особа е различна; секој има свој начин на живот со сопствени варијации. Секоја особа е авторитет сама за себе и е единствено квалификувана да донесува одлуки и сугестии кои се однесуваат на тоа како да си го подобри својот живот на ментален, емоционален и физички план

Како индивидуи, ние имаме моќ да препознаеме кои наши клучни одлуки имаат влијание во насока на подобрување на личниот или професионалниот живот. Секојдневно сме во позиција да донесуваме многубројни одлуки кои всушност имаат огромно влијание врз нашите животи. Коучинг процесот може да ни помогне да ги пропознаеме овие аспекти од животот, а потоа да не поттикне на акција која што е во согласност со нашите потенцијали, ќе предизвика личен прогрес а со тоа и ќе имаме поисполнет живот.

Коучингот како процес на личен развој многу често се употребува од страна на големите компании, со цел да ја подобрат свесноста и фокусот на своите вработени.

За крај на овој текст ќе напоменам дека животот се состои од многу делови, а секој дел има свој одредени и уникатни карактеристики. Откривањето на секој од овие делови и ефективното справување со нив наметнува истражување на сопствениот внатрешен свет.

Автор: м-р Дарко Шекеринов